| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазен пешак се бори за живот на Ургентен

Вчера во скопското село Кондово во 12.46 часот се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „фолксваген шаран“, управувано од Ш.Ј.(45) од село Букович, удрило во  пешакот М.А.(80) од село Кондово.

М.А. со возило на итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар-Скопје, каде што му била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди, фрактура на предниот дел од главата. Тој е во животна опасност и задржан е на понатамошно лекување во Ургентен центар.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top