Вчера во 09.25 часот на ГП Табановце, на влез во Р.Македонија, при извршена проверка констатирано било дека С.Ќ.(37) од Белград, Р.Србија, се бара со меѓународна потерница од Интерпол – Австрија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.
Истиот е приведен и во 13,00 часот со Потврда за предавање на лице е предаден на полициски службеници од СВР-Куманово и задржан во ПС-Куманово за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.