Полската амбада организира предавање на познатиот полски архитект и еден од најдобрите познавачи на современата архитектура во Централна и Источна Европа, а со тоа и во Македонија, Лукаш Галусек. Предавањето со наслов „Кој се плаши од модернизмот?“ ќе се одржи во клубот ГЕМ во Старата скопска чаршија, на 10 декември, со почеток во 19 часот и ќе биде проследено со јавна дискусија.
-Со модернизамот имаме проблем. Повоената архитектура се поврзува со еден неправеден систем. Ѝ ги лепиме етикетите на тоталитаризмот и просечноста. Преокупирани со други работи, по 1989 година нѝ исчезна од видното поле. Постоеше, но за нас беше невидлива. Се радувавме кога почна да исчезнува. Денес размислуваме дали не ја оценивме премногу сурово. Учиме за неа од почеток. Соцмодернизмот на некој начин стана модерен. Дискусијата трае и буди емоции. Нашите дилеми за повоената архитектура ќе ги илустрираме со примерите на Катовице и Горна Шлезија, вели Лукаш.
Лукаш Галусек е архитект и издавач. Се занимава со културата и уметноста на Средна Европа, особено со врските меѓу просторот, сеќавањето и идентитетот. Коавтор на публикацијата Јоже Плечник – архитект и визионер (Краков 2006) и Романија. Просторот, уметноста, културата (Олшаница 2008), Пограниче. За возродувањето на културата (Вроцлав 2012). Кокуратор на изложбата Картограф на злокобната историја. Тара (фон Нојдорф) во Галеријата на МЦК (2013). Работи во Меѓународниот културен центар во Краков.
Лукаш Галусек има пишувано и за архитектурата на Скопје, неговиот модернизам и најновите зафати во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Предавање на Лиса Нојберг во МСУ
-
МСУ: Предавање на Рикардо Пасони, директор на Галеријата на модерна и современа уметност во Торино