Утре (четврток, 10 декември) во Друштвото на писателите на Македонија, во 12 часот, ќе се одржи поетски портрет на Кочо Топузоски, по повод 40-годишнината од излегувањето на неговата прва стихозбирка „Ноќни делби“. За творештвото на Кочо Топузоски ќе зборуваат Ефтим Клетников и Санде Стојчевски. На средбата со музички нумери ќе учествува Христо Христоски – Мулар, а стихови ќе чита Александра Велинова.
Кочо Топузоски е претставник на средната генерација македонски поети. Покрај дебитантското остварување „Ноќни делби“, автор е и на стихозбирките: „Болна прелест“ и „Препознавања“. Негови стихови се преведени на англиски, француски, српски, романски, албански и руски јазик. Застапуван е во неколку избори, панорами и антологии, меѓу кои и во Антологијата на современата македонска поезија објавена во рамките на едицијата „135 тома македонска книжевност“.
Кочо Топузоски член е на Претседателството на ДПМ и секретар за меѓународна соработка на македонската писателска асоцијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија