| четврток, 6 декември 2018 |

Германија трага по терористичка група која планира напади во Берлин

zaloznici germanija2

Германската полиција извршила претреси на неколку локации во Берлин и во источната покраина Саксонија во потрага по три лица обвинети за планирање напади со експлозив во германската престолнина, соопшти тамошното обвинителство.

За време на полициската акција никој не бил уапсен, се наведува во соопштението и се додава дека тројцата осомничени се обвинети за основање на терористичка организација и за планирање напади против државата.

Полициските акции кои биле поврзани со истиот случај се извршени и кон крајот на октомври, но и тогаш никој не бил уапсен.

Еден од тројцата членови на групата се обидел да регрутира членови за Исламската држава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top