-Ми се полни срцето и душата кога ве гледам вака сите на плоштадот сплотени. Тоа е Македонија, Вие сте Македонија која и мене и сите намни дава сила. Со овие зборови Јохан Тарчуловски ги поздрави насобраните Македонци на преполниот плоштад Македонија, дојдени да го пречекаат единствениот според Меѓународниот суд обвинет за воениот конфликт во 2001 во Македонија.
-Благодарам од се срце за поддршката која што ми ја дадовте и ми ја давате мене и на моето семејство, благодарам за сите писма пораки, поздрави, за сите помисли на мене. Таа поддршка ми помогна ми го јакнеше духот. Сега, сите вие може да сметате на Јохан, Јас сум со вас, со мојот македонски народ, порача тарчуловски од централниот плоштад во Скопје.
Поминав тежок период, продолжи Јохан. Сега имам измешани чувства на среќа и на возбуда што сум во Македонија, тука со семејството, со децата. Не е лесно да си затворен меѓу четири ѕида со илјадници часови. Но, научив животна лекција. Мислев на сите револуционери, на Илинденците, на борците од НОБ, од татковинската војна, мислев насите тигри, волци, на полицијата, на резервистите, на доброволците. Знаев дека не згрешив, бев во право. Треба да се собере сила и да го ставиш грбот во поткрепа на својот народ. На земјата која те родила да и се оддолжиш кога и требаш.
Како одговор од тука ќе порачам дека секогаш и секаде ќе бидам подготвен за Македонија. Јас одговорив на повикот. Врвна чест и должност е да се брани својот дом, својот народ, својата Македонија. Сите ние треба да сме свесни-Македонија е нашата татковина. Секој од нас треба да прави се што може да вложува во Македонија. Само со заедништво можеме да ги добиеме сите битки, лошите работи да ги оставиме во минатото. Да се обединиме, тогаш сме силни. Така ќе не ценат повеќе, така и Бог ќе биде со нас, така Македонија ќе победи и ќе победува и натаму. Македонскиот народ е добар и работлив, знае да живее во слога со сите други граѓани без разлика на вера и нација. Но Македонскиот народ знае како да си ја брани својата земја. Има синови и ќерки кои животот ќе си го дадат за оваа Македонија.
Секој од нас треба да го прави она што го знае најдобро за Македонија. За Македонија да оди напред како држава, порача Јохан Тарчуловски во обраќањето пред насобраните граѓани на организираниот дочек на плоштадот Македонија во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.