Финска најави поостра имиграциска политика со цел да се запре приливот на мигранти, вклучително и отворање на центар за репатрација, поригорозни услови за обединување на семејството и укинување на социјалните мерки за бегалците.
Финското Министерство за внатрешни работи соопшти дека неоснованите барања за азил експедитивно ќе бидат обработувани, а подносителите брзо ќе бидат враќани назад, вклучително и тие што доаѓаат од Русија, која е безбедна земја.
Барателите на азил, за кои постои сомневање дека не се малолетни ќе бидат тестирани за утврдување на возраста, а тие со лажни документи кривично ќе бидат гонети.
Слични мерки се воведени и во соседните држави – Шведска и Норвешла.
Годинава во Финска се регистрирани рекордни 30.000 баратели на азил, што е десетпати повеќе во споредба со 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.