
Лондонски „Дејли експрес“ пишува дека Финска би можела да стане првата земја која официјално ќе ја признае Каталонија како република, а со тој потег оваа скандинавска земја директно би се спротивставила на Европската унија.
Пратеникот од Лапонија, Мико Карна, најави дека финскиот парламент ќе поднесе предлог да се признае новата држава. Карна, кој е член на владеачката партија на Финска вчера ја честиташе независноста на Каталонија.
Доколку Финска официјално ја признае Каталонија како нова држава тоа би бил уште еден удар за ЕУ, која силно ја поддржи единствената шпанска држава. Според весникот, доколку Финска ја признае Каталонија, со тоа би се спротивставила на ЕУ и нејзиното противење да го признае новиот статус на регионот.
Шкотската влада исто така испрати порака на поддршка, наведувајќи дека Каталонија мора да има право да ја одреди сопствената иднина. „Дејли експрес“ пишува дека и Аргентина би можела формално да ја признае Каталонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


