Синоќа во НБА лигата на програмата беа девет натпревари. За одбележување е враќањето на Бобан Марјановиќ, високиот центар на Сан Антонио, во првиот состав откако одигра два натпревара во развојната лига. Тој беше крајно мотивиран реализирајќи 18 поени за 17 минути игра во високата победа над најлошиот тим во лигата, Филаделфија од 51 разлика (119-68).
Најефикасен во редовите на Спарси беше Ламаркус Олдриџ со 26 поени, а Симонс постигна 14. За Филаделфија нема помош оваа сезона. Поразот од Сан Антонио е еден од најубедливите во историјата за нив, останувајќи тим со најлош учинок во НБА лигата, со само една победа во 22 натпревари на стартот од сезоната.
Веројатно најинтересниот меч синоќа го одиграа Чикаго и Феникс. Феникс славеше со 103-101 благодарение на поените во последната секунда на Мирза Телетовиќ. Тој мечот го заврши со 20 поени.
НБА резултати: Филаделфија – Сан Антонио 68-119, Шарлот – Детроит 104-84, Њу Орлеанс – Бостон 93-111, Чикаго – Феникс 101-103, Милвоки – Портланд 90-88, Минесота – ЛА Клиперс 106-110, Торонто – ЛА Лејкерс 102-93, Њујорк – Далас 97-104, Мајами – Вашингтон 103-114
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)