Сопругата на српскиот тенисер го споделила со нејзините следбеници на социјалните мрежи нејзиното мислење за огромниот број на бегалци во светот.
Во светлото на се што се случува во светот во последните години и се поголем број на бегалци сопругата на најдобриот тенисер на светот, Јелена Ѓоковиќ , преку нејзиниот профил на Инстаграм испратила емотивна порака и го изнела своето мислење за бегалската криза и страдањето на невините жртви.
Таа потсетила дека и таа го почувствувала бомбардирањето на својата кожа, како и Новак Ѓоковиќ и дека бомбите никогаш не паѓаат таму каде што другите велат дека ќе паднат како и дека во таа прилика страдаат голем број на невини луѓе и деца.
-Глобално, едно помеѓу 122 лица моментално се бегалци, раселени се и бараат азил. Не наведуваат да мислиме дека бомбардирањето на Сирија или било која друга земја е единствено и правило решение. Како некој кој почувствувал бомбардирање на своја кожа може да ви кажам: Бобата не паѓа секогаш таму каде што велат дека ќе падне. Таа не ги убива само „лошите луѓе“. О, не. Болниците, училиштата, градинките, домовите, куќите, зградите…Тие се само „колатерална“ штета. Секако дека многумина ќе ги напуштат своите домови. Немојте да ги обвинувате за тоа што бараат сигурност. Не ја вртете главата на страна затоа што така е полесно. Мораме секогаш да избереме да ги промовираме вистинските вредности. Немојте да осудувате, завидувате, мразите. Делете, давајте љубов. Почнете од себе:бидете личност која му е потребна на светот. Ви посакувам мир и спокој – е само дел од емотивната порака која ја веднаш на својот профил ја пренесе и Новак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.