| четврток, 6 декември 2018 |

„Нормалниот“: Кога играш слабо и судиите не те сакаат

liverpul

Менаџерот на Ливерпул, Германцеот Јирген Клоп, продолжува да ги изненадува своите приврзаници. „Нормалниот“, кој сам си го даде тој прекар откако се сложи да ја преземе клупата на Ливерпул, повторно ја покажа својата човечка особина на скромност, откако по натпреварот со Њукасл во кој неговиот тим загуби со 2-0 во рамките од Премиерлигата, вината ја побара во редовите на својот тим, а не во судиите кои поништија регуларен гол за Луверпул при резултат 1-0.

– Не игравме добро, ниту на почетокот, ни на средината од мечот, ниту пак на крајот. Многу работи не ни функционираа како што треба. Постигнавме гол, прекрасен погодок, веднаш знаев дека е чист гол и на помошникот сигурно ќе му биде незгодно кога ќе ја види повторената снимка, бидејќи ќе увиди дека згрешил. Бидејќи игравме толку слабо, најверојатно си помисли – не можете да дадете ваков еврогол со ваква очајна игра, па го крена знаменцето. Кога играш слабо и судиите не те сакаат, а ние треба да поправиме многу работи до следниот меч – со насмевка коментираше стратгот на „црвените“.


Alberto Moreno Wrongfully Disallowed Goal vs… by wittyfutty

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top