| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ се расплака: Некој да ѝ кажеше така на ќерка ми, јас не би преживеал

ву
Веќе нема место за министерот Братислав Гашиќ во владата на Србија, по скандалозната навреда упатена на новинарка во која тој вели дека „сака кога новинарките лесно клекуваат пред него“. Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави дека разговарал со министерот за одбрана Братислав Гашиќ и заклучил дека скандалозната навреда на новинарката не можат да ја гледаат на ист начин.
– Јас имам ќерка и ако некој ѝ каже такво нешто на ќерка ми, јас не би преживеал- истакнал Вучиќ.
Премиерот на Србија додал дека Гашиќ не бил испровоциран со ништо и дека таквата постапка е апсолутно недозволива.

-Со ништо не беше испровоциран. Се надевам дека за некоја година ќе може да се врати во јавниот живот. Засега немам никој што би го заменил- наведува Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top