Бранителот на Купот, Работнички ќе ги одмери силите против Брегалница во полуфиналето на најмасовното фудбалско натпреварување. Во второто полуфинале ќе се сретнат Хоризонт Турново и Шкендија.
Денешниот ждреб во ФФМ ги одреди полуфиналните двојки во националниот Куп. На првите средби, кои треба да се играат на 2.март, Брегалница и Турново ќе бидат домаќини.
Полуфинале на Купот на Македонија:
Брегалница – Работнички
Хоризонт Турново – Шкендија
Полуфиналните мечеви ќе се играат на 2.март и на 13.април
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.