| четврток, 6 декември 2018 |

Злобната суперкучка делукс на Златан Ибрахимовиќ

11 години постарата Хелена Сегер е жената која го улови еден од најталентираните фудбалери денес, 31-годишниот Златан Ибрахимовиќ.

Тие се еден од понеобичните парови во светот познати личности. ХеленаZlatan-Ibrahimovich-+-Helena-seger својот Ибру од љубов го нарекува детиште.  Тој пак ја почести со прекарот „Злобна делукс суперкучка”, што на Хелена воопшто не и пречи ниту пак ја навредува.

–          Мислам дека секоја жена треба да ја развие во себе злобната делукс суперкучка  , во смисла на тоа да биде независна, самоуверена и способна. Со Злтан ми е презабавно. Се разбира дека е луд, но на позитивен начин. Тој е мојот најдобар пријател, човекот кој ме скроти и го промени мојот живот – вели таа.

zlatan

Сегер, чие име на шведскиот значи победа, не е како останатите сопруги на познатите фудбалери: таа не му обрнува премногу внимание на својот изглед, признава дека има преголеми усни и прекратки нозе, но се чувствува подобро во фармерки отколку во дизајнирани фустани, сака шопинг, нема домашна помошничка, ужива во брзо возење на мотор и ретко се појавува во јавноста.

Тие се запознале пред 10 години во Малме кога со неговиот автомобил тој го блокирал излезот на паркингот, па таа сакала да го „испрати по ѓаволите“.

Но љубовта процвета, а од нивната долгогодишна врска имаат два сина, 7-годишниот Максимилијан и 5-годишниот Винсент.

Footballer+Zlatan+Ibrahimovic+PSG+joined+wife+IbKZiy-MI9dl

–          Единствено таа ме разбира. Ние зборуваме многу и за сè. Не сакам и ласкам, но таа е е*** о паметна, многу паметна. Јас не знам зошто поднесува таков манијак како што јас сум  – вели Златен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top