| четврток, 6 декември 2018 |

Клиниката за радиологија и онкологија доби нов акцелератор

На Клиниката за радиологија и онкологија во Скопје денеска се одржа свеченото пуштање во употреба на новиот акцелeратор.

acelerator
За овој сложен медицински апарат со кој ќе се врши зрачна терапија на пациентите со малигни болести се потрошени три милиони евра, а, како што најави премиерот Никола Груевски, следната година ќе биде распишан тендер за уште два вакви апарати.

Акцелераторот што денеска беше пуштен во употреба е дел од пакетот од 100 милиони евра за нова медицинска опрема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top