Најсилниот светски акцелератор на честички вчера прекина со работата откако ласица предизвика краток спој во трансформаторот со голема волтажа.
Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) објави дека акцелераторот, кој се наоѓа во подземната лабораторија на француско-швајцарската граница, претрпе „тешка електрично нарушување“. Како причина се наведува краток спој во трансформаторот од 66 киловолти предизвикана од ласица.
– Ќе бидат потребни неколку денови да се поправат штетите што ги направи ласицата- посочи портпаролот на ЦЕРН, Армо Марсоје.
Во ЦЕРН во близина на Женева, најголемиот светски центар за истражување на елементарни честички, кон крајот на ноември 2009 година почна со работа Големиот хадронски колајдер. Тоа е најголемата и најмоќната експериментална инсталација, сместена во подземен тунел во облик на прстен со обeм од 27 километри, на длабочина од 75 до 150 метри
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.