Шабан Шаулиќ повеќе не крие дека со младата пејачката Ивона Неговановиќ Цуца ја изневерувал (или се уште ја изневерува?) својата сопруга.
Откако во јавноста протекоа фотографиите на кои се гледа дека Цуца и Шабан се бакнуваат, тој реши повеќе да не ја демантира аферата со Цуца.
Иако не сака да зборува за тоа, Шабан за медиумите изјавил која е причината поради која ја изневерувал сопругата Гоца. Според неговите зборови, слабост му се убавите жени,а тоа што има 64 години не го спречува да му заигра срцето кога ќе види атрактивна девојка.
-Од секогаш е така. Ги сакам жените и тоа не е тајна – истакнал фолкерот додавајќи дека сепак семејството му е најважно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.