Една њујорчанка, кога открила дека сопругот ја изневерува, напишала отворено писмо до неговата љубовница во кое објаснува на што е. Не спомнувала имиња, но прецизно опишала многу детали, така што сигурно можела да се препознае.
– Си оставила својата маскара во автомобилот на мојот сопруг. Кафеава боја, марка „Covergirl“. Си оставила и нешто облека. Флив се. Си го оставила и својот градник. Носиш 36Б. Јас носам 34Ц. Градникот ти мирисаше на алкохол. Мојот сопруг неодамна симна неколку килограми. По 15 години пекол за мене и децата, конечно престана да пие. Купи нов автомобил иако за тоа не се договоривме, но знаеш што? Онаа голема куќа во која живее и се останато… јас поседувам половина од тоа!
Се надевам дека си свесна што ќе добиеш. Ќе добиеш средновековен маж, без скршена пара во џеб.
Доколку имаш деца, а мислам дека имаш зашто една вечер кога ние не бевме дома, си заборавила кеса полна сладолед и слатки, наменети за децата, сигурно не за него, зошто никогаш го немам видено да јаде такви работи, треба да го знаеш следното.
Тој е тип кој лесно троши пари и уште полесно влегува во долгови. Бев во ситуација кога сум морала да идам во народна кујна за да ги прехранам своите деца, поради неговите долгови. Среќно со него!
Мој совет ти е, немој да се мажиш со него. Тој е себичен во кревет, себичен во животот и само ќе те искористи. Многу веројатно е дека повторно ќе почне да пие, а неговиот однос кон парите ќе те одведе во банкрот. Мене тоа двапати ми го направи.
Неговото семејство ќе те мрази, верувај ми, тоа е група на чудаци, а ако тоа не ти е доволно, запамети дека е по малку глупав и дека поради него ќе имате многу проблеми.
Ако си нормална личност, ќе го сфатиш ова на вистнски начин. Тој е се, но не е слободен маж. Се што сака е само да има секс со тебе, затоа што знае, ако се разделиме, дека ќе остане без ништо. Ако го гледаш како последен воз, симни се на првата станица зашто нема да те однесе никаде, освен во пропаст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.