Ливерпул откако е под водство на Германецот Јирген Клоп успеа да врзе неколку победи и да се искачи меѓу водечките тимови во Премиерлигата. Во пресрет на денешното тешко гостување кај Њукасл капитенот на екипата Џејмс Милнер истакна дека со новиот менаџер успеал да им ја врати самодовербата на играчите.
– Клоп ни ја врати вербата. Претходно гледав само група талентирани момчиња кои не гледаат колку добри можеме да бидеме, но сега се се промени. Бев разочаран поради Роџерс и неговото заминување, но реално сега се гледаат ефектите. Клоп промени суштински работи во тимот, промени начин на работа, но мислам дека ги промени како што треба – вели Милнер, кој дополнува дека сепак најголемата одговорност е на самите играчи:
– Мора и ние самите да продолжиме да играме вака. Сето тоа мора да не води генерално кон тоа што од нас го очекуваат навивачите – дополни Милнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



