Познато е дека пролетта јавно и предложив на ФИРОМ да започнеме мерки за градење доверба за да се овозможи прекугранична соработка. Оваа идеја првично беше одбиена и од Скопје и од трети“ – рече Никос Коѕиас говорејќи во грчкиот парламент за надворешната политика.
Шефот на грчката дипломатија од парламентот, за време на расправата за буџетот за 2016 се пофали со мерките за градење доверба, но во пракса токму Атина одбиваше секаков вид на соработка и вклучување на ФРОНТЕКС на границата со Македонија.
Ова го потврдува и весникот Вима, кој во анализата коментира дека Грција одбивала да соработува со Македонија и покрај потпишаните мерки кои меѓу другото се однесуваат и на миграцијата.
„Она што е јасно и што го признаваат и грчки и странски дипломатски извори за Вима е дека Атина беше многу колеблива за да соработува со скопската страна, особено во размена на податоци за брановите бегалци и мигранти кон соседната земја.“ – пишува весникот и додава дека токму поголемата соработка меѓу Македонија и Грција било барањето на македонскиот амбасадор во Атина на средбата со грчкиот алтернативен министер за надворешни работи пред 2 седмици.
„Климата беше во правец на тоа дека ако двете земји би можеле да соработуваат за можеби и да нема потреба од вмешување на Фронтекс.“ – коментира Вима.
Останува отворено прашањето дали поголемата соработка меѓу Македонија и Грција за справување со бегалскиот проблем ќе биде на агендата разговори меѓу шефовите на двете дипломатии на нивната средба во Атина, која според грчките медиуми, но Канал 5, повикувајќи се на свои извори објави дека таа ќе се одржи на 17 декември.
Извор: Канал 5
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.