Утрово долж Повардарието и по котлините има ниска облачност и магла, а во некои од котлините, Пелагонија и Полошката има и намалена видливост до 50 метри.
Во другите котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, маглата е со послаб интензитет. Во останатите делови од земјава, на планините времето е претежно сончево и студено.
Најниски температури измерени се во Берово -5, во Тетово - 3, -2 во Прилеп, Битола, Струмица, Маврово, Тополчани, Крива Паланка, -1 Штип, нула степени во Лазарополе, Демир Капија, Виница, Скопје, еден степен во Куманово, Дебар, Ѓуриште, Пожаране, 2 Претор, Пожар, Гевгелија, Крушево, 3 Дојран, Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.