| четврток, 6 декември 2018 |

Германската армија бара зголемување на составот

germanska
Германската армија побара зголемување на нејзиниот состав, откако Парламентот го одобри приклучувањето на Германија кон воената операција против групацијата Исламска држава во Сирија, јави ДПА.

– Во моментов имаме потреба од пет илјади до десет илјади војници, изјави Андре Вустнер, претставник на армијата.

Тој појасни дека зголемувањето е потребно, откако во јануари стапи во сила новиот Закон за работни односи, при што речиси недозволиво ќе биде 24-часовното извршување на основните операции.

Според него намалувањето на личниот состав на германската армија отишло предалеку, а за време на реформите од 2011 година никој не можел да ги предвиди кризата во Украина или борбата против Исламска држава.

Тој додаде дека тогаш политичарите не знаеле дека во 2016 година ќе бидат потребни 20 илјади војници за воени операции и активности за справување со бегалската криза.

– Сега мисијата во Авганистан ќе биде проширена, а наскоро ќе го зајакнеме и учеството во северен Ирак и Мали, нагласи Вустнер.

Тој повика горната граница за бројот на војниците да биде зголемена, а квалитетот на опремата да биде подобрен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top