Два воени сателити лансирани во саботата од космнодромот Плесек на новата ракета Сојуз -2.1Б се поставени во орбитата, соопшти прес службата на руското министерство за одбрана. Карактерирстиките и намената на оваа ракета со два сателити во интерес на одбраната не се објавуваат.
Подготовките и лансирањето минале успешно под контрола и команда на командантот на Вселенските сили на Русија, генерал- поручник Александар Головко.
-Новата ракета-носач класа Сојуз -2.1Б во определеното време успешно ги изнесе во орбитата двата вселенски апарати во интерес на руското министерство за одбрана- соопшти Москва.
Сојуз-2.1Б прв пат е успешно лансирана во декември 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)