РК Вардар викендов го продолжува натпреварувањето во Лигата на шампионите во 10.коло. Во СЦ „Јане Сандански“ гостува екипата на Колдинг која му го нанесе првиот пораз на македонскиот шампион оваа сезона во најелитното натпреварување. Тоа е мотив повеќе за избраниците на Раул Гонзалес да му се реваншираат на данскиот тим.
По првото полувреме Вардар има огромна предност од 10 голови разлика (18-8).
Одбраната на чело со Арпад Штербик кој за 30 минути успеа да наниже 12 одбрани, е на висина на задачата. Во нападот дури девет ракометари се запишаа во листата на стрелците, а нив ги преводат Сергеј Горбок и Тимур Дибиров со три погодоци.
Вардар многу рано го скрши отпорот на Колдинг по почетното водство на гостите од 0-1. Серијата која ја направи го однесе до водство ов 5-1 и не дозволи противникот цели 10 минути да постигне гол. Се до 20.минута се играше гол за гол, а по тој период Вардар повторно запна и дојде до највисоките 10 разлика на крајот од првото полувреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.