| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да има војска на германските улици

­ Angela MerkelГерманскиот канцелар Ангела Меркел ја исклучи можноста за ангажирање на германските војници во обезбедувањето на улиците во градовите на Германија.

Меѓу германските покраини изминатиот период се води дебата дали треба да се вклучи армијата во случај на терористички напад на германска територија. ­

-Безбедносните мерки ќе бидат такви какви што се во моментов- изјави Меркел во неделното видео­обраќање.

Германскиот канцелар нагласи дека за безбедноста ќе се грижи федералната полиција на Германија. Таа информира дека следната година полицијата ќе биде зајакната со илјада нови полицајци, одреден број нови службеници, а опрема ќе добијат и другите сили за безбедност.

Меркел го потврди ставот на повеќето членови на Владата, вклучувајќи го и минитерот за внарешни работи Томас де Мезиер, дека полицијата сама ќе успее да се справи со евентуалните закани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top