| четврток, 6 декември 2018 |

Виктор Мизо: Извозот од зоните е близу 1,5 милијарди евра (видео)

mizo-viktor-640x259

Извозот на технолошко-индустриските зони расте и очекувањата се годинава да ја завршиме над проекциите што ги направивме на почетокот од годината, оценува директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.

-Очекуваме раст особено поради тоа што декември е специфичен месец особено поради предновогодишните празници, посебно во Западна Европа,, бидејќи дел од овие компании во тој период обично не работат, а компаниите на кои тие треба да го пласираат својот призвод исто така нема да работат. Но, има можност овој месец да го завршиме со дополнителни над 100 милиони евра така што ќе стигнеме до една бројка од помалку од 1,5 милијарди евра извоз за целата година., вели Мизо во интервју за Македонската телевизија.

Тој истакна дена неколку нови компании има можност до крајот на годината официјално да ги објават своите инвестиции.

Овие три компании доаѓаат од различни сектори и од различни држави. Кај Монтанте тоа се метални производи пред се за шински возила, Гентерм е производство за автомобилската индустрија, додека турската компанија во Кочани е во земјоделскиот сектор. Најважното е што се диспертизарни на територија на целата држава, вели Виктор Мизо директор на индустриските зони.

-Се поголем број на компании како што размислуваат да се лоцираат во разни места низ Македонија, увидовме дека има потреба и за зголемување на бројот на зоните. Умановско-липковскиот регион е еден од најголемите региони од гледна точна на популација во Македонија кој не е опфатен со вакви слободно економски зони, каде трудоинтензивните компании кои вработуваат 1.500 и повеќе луѓе бараат таков вид на градови и региони, бидејќи многу од нив не сакаат директно да конкурираат и да бидат лоцирани до некоја друга компанија со слично производство и сличен кадар. Маврово- Ростуше е во еден регион кој долго време бил економски запуштен и ова ќе биде начин тој да се доразвие, вели Мизо.

Директорот на ТИРЗ очекува да расте извозот и истакна дека според очекувањата годинава извозот ќе изнесува околу 1,5 милијарди евра за целата година. Ваквата бројка, вели Мизо, е далеку над очекувањата и проекциите направени за оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top