| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар без Карачиќ ќе се обиде да се врати на победничките патеки во ЛШ

vardar-kielce-16

По серијата лоши резултати и три порази во низа македонскиот ракометен шампион ги продолжува натпреварите во Лигата на шампионите. Попладнево во СЦ „Јане Сандански“ Вардар го пречекува Колдинг во рамките од 10.коло во обид да се реваншира за првиот пораз сезонава токму од Колдинг на гостински терен.
Тренерот на „црвено-црните“ во пресрет на овој дуел и по несреќните порази од Барселона (два) и Кјелце се соочува со големи проблеми околку составот, бидејќи во последните неколку дена, Игор Карачиќ воопшто не тренираше, а неговото отсуство и тоа како се почувствува на натпреварот во Полска. Со намален интезитет тренираа и Шишкарев, Брумен, Тоскиќ, Штребик i Македа кои сепак ќе бидат во составот за денешниот дуел.
Со проблеми се соочува и Колдинг кој долго време го чекаше враќањето на терените по операцијата во октомври на средниот бек Константин Игропуло, но тој се повреди на вчерашниот тренинг во Скопје и нема да биде во комбинација за настап.
Да потсетиме, Игропуло не играше ниту во Данска, но сепак Вардар доживеа пораз.
Натпреварот се игра со почеток од 17.30 часот.

sostavi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top