| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ е одличен фудбалер и човек (видео)

zlatan ibrahimovic

Пари Сен Жермен синоќа во првиот натпревар од 17.коло во Лига 1 во Франција славеше убедлива победа во дербито против Ница на гостински терен со 3-0. Главната ѕвезда на тимот, Златан Ибрахимовиќ постигна два гола, а првиот гол на натпреварот одлично асистираше до Едисон Кавани.
Сите заслуги за победата и убедливото водство на табелата од од дури 16 бода предност пред конктурентите одат на негово име. Тренерот Лорен Блан одлучи да го повлече од игра во уште во 61.минута, а тој како голем човек му го подари дресот на едно млад навивач на трибините. Ибра му да даде инструкции на еден од редарите на кого да му го даде дресот, а нормално момчето скокаше од радост и дури го бакна дресот кој го доби од шведскиот фудбалер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top