Еден од најдоминантните играчи во НБА лигата Карим Абдулџ-Џабар кој има освоено шест шампионски прстени во својата кариера со тимот на ЛА Лејкер му посвети колумна на Коби Брајнт кој најави повлекување од терените на крајот од оваа сезона.
Џабар кој порано му беше помошник тренер на Фил Џексон во Лејкерс и директен тренер на Коби Брајант сега е колумнист за „Тајм“ и ја искористи приликата да му се обрати на еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката и да му објасни дека „пензионирањето“ всушност е отварање на нова мисија во животот.
– Драга кошаркарска пензијо (наменета за Коби Брајант), воопшто не си лоша. Мислев дека сѐ ќе биде црно – без публика да го извикува моето име. Без натпревари кои секојдневно даваат адреналин на моето тело, без сатисфакција и фантастични поени. Без фрустрација од лицето на противникот.
Но, се излажав. Ми даде многу работи кои не ги очекував. Во последната сезона од кариерата посетив многу градови, а таму ме дочекаа фанови кои викаа по мене, ми даваа подароци и бараа да се фотографираат со мене. Исто како и на натпреварите, тропкаа со нозете, плескаа со рацете, не зошто постигнував поени, туку затоа што бев таму. Ми посакуваа само најдобро.
Ми кажаа благодарам за спомените, за натпреварите на кои татковците ги учеа децата како се навива, за натпреварите со инфаркт завршници кои потоа ги прераскажуваа во автомобилите и за потезите кои децата се обидуваа да ги имитираат на терените во своето маало. Чувството беше одлично, ме направи да ценам сѐ, не како играч – туку како човек.
Пензијо, ми дозволи да се пронајдам себеси и да дознаам кој всушнот сум без топка во рацете и без бројка на грбот. Најдов човек со многу страст. И што е најважно, ја почувствував кошарката како фан. На трибините или на каучот, јас сега сум друг човек, навивам секогаш мојот тим да победи. Пензијо, ме врати во детството кога со полни очи гледав во телевизорот и ја чувствував играта на друг начин.
Исто така, ме научи и да ги почитувам младите кошаркари кои ме заменија. Знаејќи дека нема да се сретнам со нив на теренот – ги гледав со други очи. Едноставно, уживав во нивната игра. Не се трудев да го сфатам нивниот начин на игра, да подготвам стратегија за да ги спречам, туку едноставно им се восхитував.
Исто како што му се восхитував и на Коби Брајант. Човече, тој играч можеше да направи сѐ! Можеше да забие, да асистира, да постигнува поени и да минува играчи сам од едниот крај на теренот, па сѐ до другиот. Го гледаше теренот како скулптор што го гледа мермерот и размислува за делото што го гледа во него. Го покажуваше тоа од меч во меч.
Пензијо, третирај го него како што ме третираше мене. Научи го да се распознае кој е и што е. Да се најде себе си надвор од теренот. Да го најде неговото место во општеството. Со причина. Пред сѐ, научи го дека со пензијата не одиш ‘од една соба во друга’, туку дека остануваш во истата, но имаш друга мисија – да се запознаеш кој си. Тој може да запознае сега еден нов Коби, кој ќе го изненади и ќе направи тој да ужива уште“, пишува легендарниот центар на ЛА лејкерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.