| четврток, 6 декември 2018 |

Средба со Јане Коџобашија во „Матица ексклузив“

 

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, на седми декември (понеделник) во 13 часот 2015 година ќе се одржи средба со познатиот музиколог Јане Коџобашија. Во оваа пригода ќе бидат промовирани негови научни монографски изданија по црковно пеење од византиската традиција. За музиколошко-византолошките истражувања и научната дејност на Јане Коџабашија ќе говорат Мелпомени Корнети и Мирјана Павловска Шулајковска.

Промоцијата ќе биде збогатена со настап на Камерниот хор „Херувими“ од Скопје, кој ќе исполни црковни творби од византиската традиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top