Лукас Билја ја доби капитенската лента во Лацио на почетокот на тековната сезона, а дека истата носи посебен товар и голема одговорност говори реакцијата на Аргентинецот по синоќешниот дерби дуел со Јувентус.
„Лацијалите“ го претрпеа и петтиот пораз на последните шест натпревари во италијанската Серија А, а тоа дефинитивно го навлече гневот и меѓу навивачите кои за време на натпреварот во неколку наврати го повикаа претседателот Лотито од кого јавно бараат оставка.
Посебно лути беа тифозите на Лацио кога фудбалерите на Јуве ја прославуваа победата од 2:0 на „Олимпико“, а ваквите сцени посебно го трогнаа капитенот Билја кој со солзи во очите и крајно разочарано го напушти фудбалскиот терен.
За Лацио ова беше дури осми сезонски пораз на 15-от натпревар во калчолигата, односно втор пред домашните гледачи на „Олимпико“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.