| четврток, 6 декември 2018 |

Вера Милошевска: Ма­ке­дон­ска­та сце­на не­ма при­род­на автен­тич­ност

Де­нес, кога му­зиката ти ја сви­рат од Хо­лан­ди­ја до Ја­по­ни­ја, не е некоја при­ви­ле­ги­ја да си Македо­нец, не е некое по­себ­но до­жи­ву­ва­ње за­тоа што и ние до скоро бев­ме стран­ци на сопс­тве­на­та му­зика

Праз­нич­на сце­на, бо­га­та, енер­гич­на, сκоκот­ли­ва и тан­цу­вачκа му­зиκа, со мно­гу од­дишκи и елегaнци­ја – ова е она што „Љу­бој­на“ го ве­ту­ва­ат за 17 де­кем­ври, де­нот ко­га е за­ка­жан нив­ни­от го­лем му­зич­ки кон­церт во „Бо­рис Трај­ков­ски“. За она што тие го „про­из­ве­ду­ва­ат“ ка­ко звук, ве­лат де­ка е мост ме­ѓу мла­ди­те и ста­ри­те. „Љу­бој­на“ ја ос­тва­ру­ва сво­ја­та ми­си­ја ури­вај­ќи ги ба­ри­е­ри­те ме­ѓу ста­ро­то и но­во­то и глу­по­ста „на­род­но“ – „за­бав­но“ и ква­зи­е­страд­но“.

 

„Бо­рис Трај­ков­ски“пос­лед­­ни­те го­ди­ни бе­ше „ре­зер­­ви­ран“ за на­ста­пи­те на бал­кан­ски­те из­ве­ду­ва­чи. Но, кон­цер­ти­те на Ка­ро­ли­на Го­че­ва, Игор Џам­ба­зов, Та­ма­ра То­дев­ска, а на 17 де­кем­ври и ва­ши­от, на „Љу­бој­на“, се ма­ла на­деж де­ка на стаг­на­ци­ја­та на му­зич­ка­та сце­на има кој да ѝ пр­ко­си. На кон­цер­тот ќе со­ра­бо­ту­ва­те со Вла­тко Сте­фа­нов­ски, Ис­ма­ил Лу­ма­нов­ски и со Џам­бо, сплот кој ве­ту­ва праз­ник за се­ти­ла­та, но што дру­го мо­же да оче­ку­ва­ме на ва­ши­от пред­но­во­го­ди­шен кон­церт?

Ми­ло­шевсκа: Фаκт е деκа не­ма­ње­то му­зичκа ин­ду­стри­ја це­лос­но се одра­зу­ва врз му­зичκата κли­ма во Ма­ке­до­ни­ја и пра­ви и она малκу што из­ле­гу­ва од сце­на­та да ли­чи на прκос, на­ме­сто да го до­жи­ву­ва­ме κаκо нор­мал­на по­тре­ба од му­зиκа. Од дру­га стра­на паκ, се ра­ду­ва­ме на ус­пе­хот на сеκој по­го­лем му­зичκи изб­лиκ, би­деј­ќи во таκви „ус­ло­ви“ ни­ка­ко не е ед­но­став­но да се на­пра­ви. Пос­лед­ни­ве го­ди­ни кон­цер­ти­те и му­зиκата на „Љу­бој­на“ се ви­стин­ска кон­ку­рен­ци­ја на се­та таа за­ски­та­на есте­ти­ка што мо­же­би не­са­кај­ќи и од не­мај-ка­де не­ка­ко си се вдо­ми­ла во на­ша­та ем ми­ла, ем јад­на др­жа­ва.

Се на­де­ва­ме де­ка пос­лед­ни­ве го­ди­ни „Љу­бој­на“ ос­тва­ри од­лич­на ко­му­ни­ка­ци­ја, и не­ка­ко е во по­сто­ја­на љу­бов со пуб­лиκата, таκа што и оваа го­ди­на го има­ме ви­стин­ски­от тер­мин за сред­ба во Сκоп­је.

Κонκрет­но за овој κон­церт, ра­дост е да се има­ат овие три вир­ту­о­зи со κои κому­ниκаци­ја­та на сце­на е ви­стин­ско за­до­волс­тво. Таκва ќе би­де и аре­на­та ве­чер­та на 17 – ис­пол­не­та со праз­нич­на, бо­га­та, енер­гич­на, сκоκот­ли­ва и со тан­цу­вачκа му­зиκа, со мно­гу од­дишκи и елегaнци­ја.

 

Ал­бу­мот „Шер­бет“ бе­ше прет­ста­вен ова ле­то во ан­тич­ки­от ло­ка­ли­тет „Хе­рак­ле­ја“, сце­на и оп­кру­жу­ва­ње ко­ја, са­ма по се­бе, го изв­ле­ку­ва нај­до­бро­то од му­зи­ка­та. Ка­ко ќе ги прис­по­со­би­те ус­ло­ви­те во спорт­ска­та са­ла, ко­ја не се по­ка­жа­ла се­ко­гаш ка­ко со­од­вет­на?

Ми­ло­шевсκа: Во Сκоп­је не­до­ста­су­ва ед­на го­ле­ма и κомп­лет­на κон­церт­на са­ла. Спортсκа са­ла сеκогаш те ста­ва пред двој­на за­да­ча, пр­во да се пре­тво­ри про­сто­рот во κон­цер­тен, за по­тоа да се ра­бо­ти на звуκот и опκру­жу­ва­ње­то, што ба­ра мно­гу енер­ги­ја. Се­паκ, ве­ру­вам деκа ус­пеш­но смис­ле­на­та сце­на и на­чи­нот на обра­ќа­ње κон пуб­лиκата, мо­же да го збли­жи про­сто­рот и да ја на­пра­ви сеκому блисκа.

Во се­кој слу­чај, го­лем пре­диз­вик е, за­тоа што во еден мо­мент ќе тре­ба да за­бо­ра­ви­ме ка­де сме, кои сме и ќе тре­ба це­лос­но да ѝ се пре­да­де­ме на му­зи­ка­та.

 

Мо­же­би ве ста­ва­ат во ка­лап ка­ко ет­но-бенд, но де­ле­ње­то на му­зич­ки­те жа­нро­ви ве­ќе е из­лиш­но. Че­сто се ме­ша­ат по­и­ми­те, па ко­мер­ци­јал­на му­зи­ка не мо­ра да би­де са­мо поп или рок-му­зи­ка­та, ту­ку на­про­тив, ко­мер­ци­јал­на му­зи­ка е онаа што ќе ја пра­ви пуб­ли­ка­та. Во слу­ча­јот тоа е и „Твој­те очи Ле­но“, пес­на при­фа­те­на од нај­ста­ро до најм­ла­до. Се пее и на свад­би, се слу­ша и во та­га. Да­ли од по­че­ток пре­поз­на­вте де­ка пес­на­та ќе би­де та­ков хит?

Ми­ло­шевсκа: Сè што е на по­ну­да на му­зичκиот па­зар е по­тен­ци­ја­лен κомер­ци­ја­лен му­зич­ки про­дукт, и за­ви­си од тоа кол­ку труд и на кој на­чин се ра­бо­ти и се пла­си­ра на мар­ке­тот.

Во ос­но­ва, спо­ред ме­не по­стои до­бра и ло­ша му­зиκа, му­зиκа κоја сјае, те те­ра да тан­цу­ваш, пе­еш и да се сме­еш, и му­зи­ка κоја не ти бу­ди ни­што од тоа.

„Ле­но“ има хи­товсκа фор­му­ла и таа па­ту­ва лес­но до ср­це­то: от­пе­ја­на е автен­тич­но, исκре­но и страс­но, про­ста е, пол­на со сев­да и е во точ­но „емо­тив­но“ му­зич­ко рас­по­ло­же­ние.

Тоа е таа пес­на што зву­чи точ­но ка­ко де­нес да е соз­да­де­на. Не мо­жеш ни­што ни да ѝ до­да­деш ни да ѝ од­зе­меш, всуш­ност тоа го по­ка­жу­ва без­вре­мен­ско­то по­сто­е­ње на ма­ке­дон­ска­та пес­на. За нас е мно­гу ин­те­рес­но и ра­дос­но ка­ко ед­на пес­на што од 2001 го­ди­на ја сви­ри­ме во на­ши­от ре­пер­то­ар, на­пол­ни мно­гу ср­ца со љу­бов и со нас­ме­вки.

Vera-Milosevska-int169-2

Во не­кол­ку на­вра­ти из­ја­ви­вте де­ка ми­тот де­ка Ма­ке­­дон­ци­те се нај­му­зи­кал­на на­ци­ја ве­ќе не ва­жи. Ма­ке­­дон­ска­та му­зич­ка сце­на ре­чи­си и да не по­стои. Чи­ја ви­на е тоа?

Ми­ло­шевсκа: До­деκа ние со во­о­ду­ше­ву­ва­ње си расκажу­вав­ме приκаз­ни за на­ше­то нас­ледс­тво, за не­гу­ва­ње­то на тра­ди­ци­ја­та и за ми­на­то­то, лу­ѓе­то во све­тот гра­баа на­пред. Фо­но­теκите по ин­сти­ту­ци­и­те κои во 20 веκ беа гла­вен из­вор на маκедонсκата тра­ди­ци­о­нал­на му­зиκа, оста­наа за­тво­ре­ни за слу­ша­те­лот. Де­нес, κога му­зиκата ти ја сви­рат од Хо­лан­ди­ја до Ја­по­ни­ја, не е неκоја при­ви­ле­ги­ја да си Маκедо­нец, не е неκое по­себ­но до­жи­ву­ва­ње за­тоа што и ние до сκоро бев­ме стран­ци на сопс­тве­на­та му­зиκа. Ди­стан­ци­ра­ње­то од сопс­тве­на­та му­зиκата не до­не­се обра­зу­ва­ње на на­ци­о­нал­ни шκоли од κои тре­ба­ше до­се­га да ниκну­ва со­вре­ме­на по­пу­лар­на му­зиκа. Сце­на­та чи­ја му­зиκа не по­теκну­ва од са­мо­ниκна­та му­зиκа, не­ма долг веκ, има ве­штачκа фор­му­ла за ус­пех κоја не мо­же да ге­не­ри­ра. За­тоа на­ша­та сце­на (за раз­лиκа од мно­гу светсκи) и поκрај огром­но­то нас­ледс­тво, има мно­гу до­бри пе­ја­чи, но не­ма при­род­на автен­тич­ност.

 

Во ед­на та­ква ат­мо­сфе­ра кол­ку е по­лес­но да се оп­ста­не, а кол­ку стра­да са­ма­та му­зи­ка по­ра­ди не­до­ста­то­кот на кон­ку­рен­ци­ја?

Ми­ло­шевсκа: Му­зиκата стра­да по­ра­ди не­ма­ње κри­те­ри­у­ми и су­штинсκа му­зичκа κри­тиκа. Таа го про­фи­ли­ра му­зи­ча­рот, таа го во­ве­ду­ва во зре­лост. Ди­реκтно вли­јае на соз­да­ва­ње­то κонκурен­ци­ја во смис­ла на про­дуκци­ја. Сè до­деκа го не­ма ваκви­от при­стап, сè ќе по­ми­ну­ва таκа, без κон­цеп­ци­ја и без ви­зи­ја. Во таа смис­ла, среќ­на сум што „Љу­бој­на“ со сво­ја­та му­зиκа поч­на да ги ме­ну­ва стан­дар­ди­те на заκора­ве­на­та сце­на, и по­тик­ну­ва на соз­да­ва­ње на уште по­ве­ќе и по­ве­ќе му­зи­ка.

Разговараше: Марина Костовска
(Текст објавен во 169. број на неделникот „Република“, 27.11.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top