Етно-групата „Љубојна“, која ја негува македонската традиционална музика, првпат вечерва ќе одржи концерт во Белград (23 февруари) во Дом на синдикати.
Белград ќе ечи од песна и радост со многу музика и најголемите хитови на „Љубојна“. Покрај богатиот оркестар сочинет од многу музичари соработници на „Љубојна“, како специјални гости на концертот ќе се појават неверојатниот Влатко Стефановски, трубачот од светска класа Џамбо Агушев и белградскиот џез-музичар и пијанист Васил Хаџиманов.
Генерални спонзори на концертот се Министерството за култура, „Зегин“, „Тиквеш“ и модната куќа „Елена Лука“.
Доколку сѐ уште не сте обезбедиле билети, тоа може да го сторите на благајната во Дом на синдикати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Пијанистот Дино Имери со концерт го прославува 10-годишниот јубилеј
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница