| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската фирма што продолжува да го живее американскиот сон

Кристијан Даниловски е Македонецот што лично беше номиниран за престижната награда „Еми“, а неговата компанија за анимација и за визуелни ефекти ФХ3Х, пак, е дел од тимот што работи на неколку холивуски блокбастери, некои од нив номинирани за „Оскар“.

– Кога видовме дека македонскиот пазар е премал и претесен за студио за визуелни ефекти и сонувавме за нешто многу поголемо, сите ни се смееја – раскажува тој во емисијата на Жаре, „Еден на еден“.

DSCF4250

Тој и неговиот партнер вложиле, буквално, сѐ што имаат и заминале на саем во САД. По саемот поминале шест-седум месеци без никој да им се јави, но разочарувањето поминало, а чекањето се исплатило кога една по една, големите продукциски куќи почнале да ги бараат, а ФХ3Х го доби статусот на редовен холивудски клиент.

DSCF4261

„Авијатор“, „Терминатор“, „Трансформери“, „Јас сум бројот четири“ се само дел од филмовите на кои досега макотрпно работел тимот на Кристијан. Велиме макотрпно бидејќи потребно е време да се изработи само еден кадар, една секунда, а камоли неколку минути од ваквите холивудски мегафилмови. Тоа и како е да се работи во Холивуд, се само дел од темите што срамежливо ќе ги раскаже Кристијан.

Вечерва во претпоследната емисија од оваа сезона, кај Жаре ќе гостува и поранешниот премиер Владо Бучковски, кој, меѓу другото, ќе раскаже за неколку интересни средби со светските политичари.

DSCF4222

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top