
Околу 3,4 милиони автомобили на јапонските брендови Тојота, Нисан, Хонда и Мазда, произведени од 2000 до 2004 година се повлекуваат поради неисправното воздушно перниче на совозачкото место.
Министерството за транспорт на Јапонија соопшти дека воздушните перничиња кои се вградувани во автомобилите се произведени од јапонска компанија „Таката“, која ги снабдувала сите четири автомобилски гиганти.
– Постои можност воздушните перничиња поради можните грешки во составот на напумпување да се активираат неправилно – појаснуваат производителите.
„Тојота“ најави дека ќе повлече 1.730.000 возила, и тоа 320.000 во Јапонија, 580.000 во Северна Америка, 490.000 во Европа и 340.000 на други места во светот.
„Хонда“ ќе повлече 1.140 милиони возила на глобално ниво, додека „Нисан“ повеќе од 137.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


