| четврток, 6 декември 2018 |

Прекувремена и ноќна работа ќе се пријавува електронски

невработени

Пријавите за прекувремена работа, ноќна смена и за работа на државни празници од денеска работодавците ќе можат да ги доставуваат по електронски пат до Државниот испекторат за труд.

– Пријавата треба да биде испечатена, пополнета со потребните податоци, со потпис и печат на правниот субјект и скенирана, па така да биде испратена до Инспекторатот за труд во рамките на законските рокови – појасни министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Целта на ова електронско пријавување, вели Ристовски, е олеснување на административните процедури и заштеда на време, се овозможува и поголема сигурност во остварувањето на правата на работниците, а и поголема ефикасност во работата на инспекцијата на трудот.

Претседателот на Организацијата на работодавци на Македонија, Ангел Димитров, истакна дека се задоволни од оваа мерка, пред сè, поради тоа што, како што истакна, таа е одговор на нивните забелешки за неможноста во одредени случаи да се отиде лично во Инспекторатот. На таков начин, додаде, ќе можат да се запазат роковите и да се избегнат високите глоби.

Од воспоставувањето на новиот начин на пријава се задоволни и работодавачите и синдикатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top