Случајот со смртта на јапонската новинарка Мивие Садо (31) повторно е актуелен во Јапонија и се поголем е притисокот на владејачката структура во таа земја да го реши проблемот со се поголемиот број на смртни случаи поврзани со прекувремена работа.
Јапонија уште еднаш ќе го преиспита законот за работни односи, откако инспекторите заклучиле дека Садо починала како последица од прекувремена работа.
Садо, вработена за јапонската националната телевизија НХК (со седиште во Токио), починала од прекувремена работа, стои во официјалниот извештај на истражителите.
Новинарката месецот пред смртта имала само два слободни дена и дури 159 прекувремени часа. Немилиот настан се случил во јули 2013 година, кога и откажало срцето, но нејзините надредени досега го криеле тој случај, наводно поради почит кон семејство.
Официјалните податоци на Владата на Јапонија покажуваат дека од март 2014. до март 2015 година повеќе од 2.000 луѓе извршиле самоубиство поради стрес на работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.