| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите откриле лек што ќе го продолжи животот на 120 години

Еликсир на младоста наскоро во вашите аптеки.

леккк

Прв пат во историјата научниците тестираат лек против стареење и тестовите ги спроведуваат врз луѓе, јавува британскиот „Метро“. Тоа би можело да значи дека  животниот век на луѓето ќе се зголеми до 120 години.

Овој лек, кој  се користи за лекување на дијабетес  и се вика метформин, веќе покажа добри резултати во продолжување на животот кај животните.

Американската асоцијација на аптекари сега го тестира на луѓе и голем број стручњаци очекуваат дека со помош на овој лек луѓето на 70 години ќе бидат здрави како педесетгодишниците.

Професорот Гордон Литгоу, од институтот за истражување на стареењето во Калифорнија, кој го истражува процесот на стареењето веќе 25 години, сметал дека тестирањето на луѓето е невозможно, но тоа, сепак, се случило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top