Тероризмот не треба и нема да победи, истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски во обраќањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во Белград.
Поповски, како што соопшти Министерството за надворешни работи, се осврнал на посветата на Република Македонија за имплементирање на целите на ОБСЕ, особено оние за борба против тероризмот и радикализацијата.
Во вториот дел од сесијата шефот на македонската дипломатија укажал на македонските напори за справувањето со мигрантската криза.
– Сегашната мигрантска криза претставува голем хуманитарен, социјален и безбедносен предизвик со кој се соочува голем дел од Европа. Ова има потенцијал и за негативен ефект врз односите меѓу земјите членки на ОБСЕ. Проблемот ги надминува националните граници и оттука е потребна глобална и координирана акција, а на истото конечно се работи интензивно. Тоа не охрабрува, но е сеуште далеку од оддржливо решение, потенцирал Попоски.
На билатералните средби на Попоски при учеството на состанокот е разговарано за тековните политички и безбедносни предизвици во ОБСЕ регионот, како и состојбата со мигрантите низ балканската рута, се вели во соопштението од МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад
-
САД: Терористите подготвуваат уште еден 11 септември