Петмина осомничени радикални исламисти беа убиени, а 32 уапсени од азербејџанската полиција, соопштија денеска властите, кои ги обвинуваат за подготовување на државен преврат.
– Во специјална операција во Нардаран беа уапсени 32 и ликвидирани петмина радикални исламисти, изјави министерот за внатрешни работи Рамил Усубов во коминике.
– Мажите биле членови на „Движењето за исламско единство“, кое планирало да изврши државен преврат, „за да применува закони на шеријатот во Азербејџан“, додаде тој.
Во операција против „Движењето за исламско единство“ во саботата во Нардаран беа убиени четворица исламисти и двајца полицајци. Оттогаш во градот беа преземени неколку полициски операции, откако службите за безбедност добиле информација дека исламистичката група „планира провокации, нереди и терористички акти“, рече Усубов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најмалку двајца загинати и 24 повредени во нападот во Лас Вегас
-
Терорист убил две жени во Марсеј: Викнал „Алах Акбар“ и ги избол со нож
-
Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак
-
Азербејџан преку таен фонд од скоро три милијарди долари поткупувал странски лобисти, новинари и бизнисмени