Француската влада, преку Амбасадата на Франција и Француски културен институт во Скопје, доделува стипендии за постдипломски студии во Франција.
Во тек е конкурсот, кој ќе биде отворен до крајот на април, за стипендии на француската влада за постдипломски студии во Франција. Секоја година француската влада доделува одреден број стипендии за македонските студенти и на тој начин им овозможува да завршат еден дел од своето високо образование на некој од престижните француски универзитети или елитни школи. Францускиот високообразовен систем се карактеризира со огромна разновидност во однос на различните дипломи, програми и домени на студии.
Стипендијата ги покрива трошоците за школарина, за студентско здравствено осигурување, како и секојдневните животни трошоци. Стипендистите користат и други бенефиции и имаат предност при сместување во студентски дом. Францускиот специјализиран оддел за високо образование Кампус Франс, кој функционира во рамките на Францускиот институт во Скопје, располага со сите информации околу програмите за стипендии, студиските програми на универзитетите како и со практични информации околу студентскиот живот во Франција.
Повеќе информации на: http://www.ifs.mk/mk/Home/StudyFranceContent/634
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.