Опозиционата СДСМ не се откажува од ставот за казнување на медиумите. По продолжувањето на преговорите за измени на Законот за медиуми, опозициската партија останува на своето дека треба да се цензурира медиумскиот простор во Македонија и дека Агенцијата за медиуми треба да одлучува кои новинарски прилози се објективни а кои не.
Прес 24, повикувајќи се на извори од преговорите, објави дека ваквиот предлог за ВМРО-ДПМНЕ бил неприфатлив, а со него не се согласувал ниту белгискиот посредник Питер Ван Хауте. Тој уште еднаш го повторил ставот на Европа, кој го изнесе и на брифингот со медиумите од пред неколку дена, дека не може да се загрозува слободата на изразување, односно не може институциите да носат одлуки за тоа кој новинарски текст е објективен а кој не. Според него, јавноста е таа која треба да оцени, дали новинарите известуваат објективно и врз основа на тоа да си донесат одлука од кој извор ќе се информираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.