Вардар в сабота во рамките од 10.коло од Лигата на шампионите на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17.30 часот игра против данската екипа Колдинг.
Тоа е шанса да се дојде до посакуваната победа и прекинување на низата од три порази. Првиот пораз Вардар оваа сезона го доживеа токму од Колдинг на гостински терен по четири победи, и ова е можност да му се реваншира на противникот.
Иако со сериозни проблеми околу играчкиот ростер, тренерот Раул Гонзалес најави беспоштедна битка во текот на целиот натпревар за да се стигне до нови два бода.
– За нас ова е многу важен меч бидејќи мораме да победиме и да освоиме два бода ако сакаме да бидеме добро рангирани на крајот на оваа рунда. Чувствувавме притисок, треба да играме подобро бидејќи сметам дека Колдинг има добра одбрана од која произлегуваат контранапади. Затоа треба да бидеме внимателни во нападот и да не ја губиме лесно топката. Имаме проблеми со составот бидејќи Карачиќ не тренираше десет дена, неизвесни се и Шишкарев и Брумен и Македа. Во секој случај, ќе треба да бидеме подготвени, да дадеме 100% од себе и да победиме – изјави Раул Гонзалез во пресрет на саботниот дуел.
Капитенот Филип Лазаров предупреди дека противникот не е нималку наивен, за што доказ се добрите игри на последните гостувања во Шпанија и во Полска.
– В сабота не очекува натпревар на кој ќе треба да им се вратиме на победите во Лигата на шампионите. По трите порази заостануваме на табелата и потребни ни се овие два бода за да се одржиме во игра за горниот дел од табелата. Нема да ни биде лесно, како против повредите, така и поради добрата форма на Колдинг, тим што игра многу подобро отколку на стартот. Да не заборавиме дека Данците го почнаа мечот во Барселона со водство од 1-8, во Кјелце водеа се до пет минути до крајот, што е доволно предупредување дека нема да биде лесно. Во секој случај, ќе треба да дадеме се од себе за да стигнеме до триумфот – порача капитенот Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)