Во убиството што утрово се случи во скопско Грчец убиен е жител на селото што бил сопственик на компанија што се занимава со увоз и со извоз на месо, дознава „Нетпрес“.
Убиениот бил во џип „мерцедес“ заедно со уште двајца. Кон нив пукал нивен соселанец, за кого се претпоставува дека во моментот на убиството, најверојатно, во автомобилот бил заедно со уште едно или две лица.
Жителот на Грчец, кој управувал со автомобилот, веднаш им подлегнал на повредите и починал на самото место, совозачот бил тешко повреден, но на пат кон болница им подлегнал на повредите. Третото лице што се наоѓало во автомобилот на убиениот било застрелано во ногата и во моментов е задржано во болница на лекување.
Како што неофицијално дознаваме, убиениот од село Грчец е роднина на Арслан Нуиши, познат по прекарот Бос, кој некогаш беше осомничен за атентатот врз претседателот Глигоров. Засега нема информации дека убиениот се занимавал со какви било криминални активности.
Како што дознава „Нетпрес“, најверојатно инцидентот настанал поради позната пејачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка