| четврток, 6 декември 2018 |

Отворање на изложбата „Миниартура“

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со НЛБ Тутунска банка од Скопје, ја организираат изложбата „Миниартура“, која ќе се отвори вечерва, на 3 декември во 20 часот во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка.

На изложбата ќе се претстават автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија.

За изложбата „Миниартура“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, по седми пат ќе се додели наградата „Златна четка“, а од страна на НЛБ Тутунска банка по трет пат ќе има една откупна награда насловена „НЛБ мини арт“.

За овој вид на изложба, чии дела имаат мал формат, на која што според веќе усвоените пропозиции делата можат да бидат со максимални димензии 10х10цм, авторскиот концепт за оформување на делото најчесто претставува посебен мисловен процес, поради ограниченоста на димензиите и минуциозноста на ликовниот израз.

Духот на минијатурата се гледа преку компактноста на композицијата и способноста на уметникот да се изрази во ограничен формат. Минијатурата не е прикажување на еден детал или исечок од една целина, таа е осмислен концепт во мал формат и представува хомогена и кохерентна целина на еден индивидуален приказ.

Авторите имаа можност без никакви ограничувања, самостојно да ги бираат медиумите во кои ќе ги изработат и прикажат своите дела, со што се нагласува автентичноста на нивната визија за „големината“ на минијатурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top