По секс-скандалот кој ја потресе француската спортска јавност минатиот месец, во кои беа вклучени француските репрезентативци Матие Валбуена и Карим Бензема, за првпат проговори напаѓачот на Реал Мадрид за националната телевизија на оваа земја. Тој одреден период мина и зад решетки додека траеше неговото сослушување и во полиција и кај истражниот судија.
– Ме обвинуваат како да сум криминалец и говорат дека сум направил ужасни работи. А немам направено ништо. Она што се случи е едноставно – дознав дека постои видео од Валбуена и му пријдов за да го предупредам, но тој веќе го знаеше тоа. Му реков дека можам да му помогнам бидејќи имам пријател во Лион кој се движи во тие кругови (Зенати). Никогаш со Валбуена не сум разговарал за пари и тоа е она што ме убива при секое пишување на медиумите дека сум сакал да изнудам пари. Зошто би го направил тоа, па јас многу добро живеам и заработувам. Уценувачите не ги ни познавам, Зенати е мој пријател од детството кој беше во затвор, но сврте нов лист во својот живот – истакна Карим Бензема.
Валбуена во своите први изјави за случајот упати сериозни критики и обвинувања кон Бензема, но голгетерот на „кралскиот клуб“ сепак верува дека страстите целосно ќе се смират.
– Валбуена не мислеше така, вознемирен е и јас го разбирам. Заедно ќе се вратиме во репрезентацијата и ќе го освои Европското првенство 2016 што се игра во нашата земја – оптимист е Бензема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.