Единствениот премиерлигашки дуел во четвртфиналето од Лига-купот на Англија заврши со победа на гостите од неверојатни 6-1. Саутемптон и Ливерул го одиграа последниот натпревар и победникот ја комплетираше полуфиналната четворка.
Избраниците на Јирген Клоп кој прави вистински чуда со тимот и го извлекува максимумот од „црвените“ повторно одиграа маестрален натпревар, полнејќи ја мрежата на противникот до врв.
Изенаднување на овој меч беше раното водство на Саутемптон уште во првата минута, но оттогаш на се до крајот на мечот на теренот постоеше само една екипа.
аниел Стариџ го донесе пресвртот со два гола во првото полувреме, а пред неговиот истек погоди и Ориги, кој реагираше на шутот на Морено за 1-3. Во вториот дел. Ориги комплетираше хет – трик, а во листата на стрелците се запиша и Џордан Ајб.
Во полуфиналето Стоук и Ливерпул ја сочинуваат едниот пар, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Манчестер Сити и Евертон.
All Goals – Southampton 1 – 6 Liverpool… by Football–Live
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.