| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешна манекенка војува во Сирија против ИСИС (видео)

Хана Боман е поранешна манекенка од Канада која моментално војува во Сирија против ИСИС. Хана , која го добила прекарот Сонцето на тигар, и пристапи на женската полиција која војува во состав на курдските Народни одбранбени  единици.

хана насловна

Поранешната манекенка, која инаку е и мајка редовно објавува снимки од првата линија на фронтот, на кои може да се видат и потресни призори на деца во воената зона, а ова и е втора мисија во Сирија.

Хана која формално не поминала никаква воена обука решила да им се приклучи на курдските борци откако видела како изгледа пропаганда на ИСИС. Тогаш сфатила дека во Сирија би била покорисна од што во Канада.

 -Сите терористи се кукавици – смета Хана.

Во коментарите под снимката мислењата се поделени. Има такви кои ја критикуваат постапката на поранешната манекенка, но и такви кои и се диват на „жената со железна волја“.

хананан

Во интервјуто кој го дала за американските медиуми Хана вели дека  во Сирија се вратила првенствено поради  пријателите кои таму ги запознала.

 

-По враќањето во Канада никако не можев да се привикнам да работам нормална работа. Ништо не ме мотивираше. Всушност, бев под голем стрес. Освен тоа трошоците за живот во Ванкувер се огромни. Потрошив 10 000 долари за два месеци, не знам што ќе се случеше да морав да плаќам кирија. Поради истата таа причина и прв пат заминав во Сирија. Потрошив толку сила за да преживеам, а всушност воопшто ниту почнав да живеам. Борбата против Исламската држава е остварување на сон за мене. Вака допринесувам за подобрување на туѓите животи, што пак за мене е многу поважно од продажба на осигурување или банкарски услуги – кажала Хана.

The Canadian model who is fighting ISIS in Syria says the terrorists are all cowards.

Posted by INSIDER on Wednesday, December 2, 2015

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top