Божикната реклама на германскиот синџир супермаркети „Edeka“, ги растопи срцата на луѓето од целиот свет. Во рекламата возрасен човек неколку години за Божик останува сам, а неговите деца секоја година се јавуваат со различни изговори дека не можат да присуствуваат.
„Само сакав да ти се јавам и да ти кажам, дека нема да успееме да дојдеме за Божик оваа година … ќе се обидеме следната година. Честит Божик, тато!“
Времето минува и децата добиваат тажна вест, дека нивниот татко починал. Рекламата покажува како секое од децата жали што не поминувале повеќе време со нивниот веќе мртов татко.
Децата се враќаат во семејниот дом за погребот, но кога влегуваат во трпезаријата, нивниот татко се појавува и вели: „Како инаку можев да ве соберам сите?“ Солзите брзо се претвораат во насмевки, а семејството се насладува на задоцнетата божикна вечера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



