Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, призна дека е грешник.
– Јас сум грешник, се чувствувам грешен, со сигурност сум таков. Дури сега дозволувам грешки и извршувам гревови – рече Франциск за ватиканскиот неделник „Кредере“.
Тоа признание можеби е неочекувано за личност која по претпоставка е непогрешлива, меѓутоа, според католичката теологија, меѓутоа, таа непогрешливост се однесува само за верата и моралот, проповедани од папата, а не за се што тој може да каже или да напише.
Папата исто така повика за „револуција на нежноста“, со оглед на информациите за насилства и ѕверства во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.